Јовановски: Само Талибанците уриваа споменици

„Само Талибанците во Авганистан и радикалите на ИСИС во Сирија и во Ирак уриваа споменици. Нивната деструкција, невидена за 21 век ја осуди целиот цивилизиран свет. Истото што го правеа Талибанците и ИСИС во регионите зафатени од војна, го гледаме денес во Македонија, во срцето на Европа, од страна на СДСМ. СДСМ, кукавички во раните утрински часови решија да го задоволуваат својот апетит за деструкција“, изјави Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, СДСМ не може да поднесат да гледаат ништо што е изградено, создадено и што претставува паметник за македонската историја. Не им дава мир истовремено многу ги боли бидејќи тие самите се неспособни за ништо креативно.

„СДСМ денес манифестираа длабока фрустрација и гнев кон никој друг освен кон Македонија, и кон македонската историја и кон македонската култура. СДСМ работи за рушење на македонскиот национален дух, имаме историја кој се продава, неуставен закон за јазици, преминувани аеродром и автопат за што нашата татковина Македонија не доби ништо, споменици на херои кои се руштат. СДСМ во тајност, далеку од очите на јавноста, во текот на ноќта го срушија споменикот на македонскиот револуционер Андон Јанев Лазов – Ќосето. Надвор од умот и од цивилизираното однесување, надвор од законот, вандалите испратија механизација за да отпочнат со уривање за да ја покријат неспособноста и неработењето овие 9 месеци откако се на власт“, изјави Јовановски.

Според него, споменикот на Ќосето не е дивоградба, бидејќи Советот на град Скопје  согласно закон со бандинтерово мнозинство има донесено одлука за негово поставување. Општината Центар има доделено и маркица врз основа на деталниот урбанистички план. „Тоа се фактите, а тоа што го направи СДСМ е вандалски чин за кој се одговара. Во Македонија од илјадници дивоградби, вандалите одлучија да почнат да уриваат споменици кои се поставени согласно закон. За ова, почитувани мои, се одговара и морално, а се одговара и правно! За ова ќе има и мора да има кривична одговорност. Шилегов вели дека нема пари за нови проекти но пари за уривање има. Рушењето на споменикот е резултат на гневот на СДСМ кон генерациите македонци кои останале доследни на идејата за македонската државност. ВМРО-ДПМНЕ откако ќе се врати на власт ќе ги исправи сите штети кои ги предизвикува оваа вандалска власт“, истакна Јовановски.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари