logo
logo
logo

Јовановски на средба со пазарџиите и дуќанџиите во кичевската чаршија

Vecer | 23.10.2021

Јовановски на средба со пазарџиите и дуќанџиите во кичевската чаршија

Кандидатот за градоначалник на Општина Кичево од ВМРО–ДПМНЕ и коалицијата, Александар Јовановски денеска имаше средба со продавачите на кичевскиот зелен пазар и со дуќанџиите од кичевската стара чаршија.Тој се интересирал за условите за работа, исплатливоста на оваа дејност, а ги слушнал и нивните забелешки и барања од изградба на современ зелен пазар и помали кирии за дуќаните кои поради намалениот промет во моментов се многу високи.

– Во текот на денешниот ден имав средба со продавачите на кичевскиот зелен пазар и со купувачите од градот, кои во тој период беа затекнати на овој пазар. Од продавачите ги слушнав нивните размислувања како да се подобри прометот и условите за работа. Поголемиот дел од нив побараа да се изгради современ зелен пазар, каде условите за работа како на продавачите исто така и на купувачите би биле далеку подобри, затоа што на овој зелен пазар со години речиси ништо не е инвестирано, истакна тој.

Јовановски посочи дека дуќанџиите во кичевската стара чаршија и се пожалиле за намалениот промет кој го остваруваат последните неколку години, што од друга страна го поскапува нивното работење.

– Тие потенцираа дека традиционално во Кичево, кириите се доста високи, што не одговара на остварениот промет и нивната рентабилност и се помалку е привлечно да се работи во објект под кирија, додаде Јовановски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk