ВО ВАН ГОГ

Јохан Тарчуловски стана Ноќен волк

Во култното кафе Ван Гог, вчеравечер Ноќните волци и нивниот претседател Ленин Јовановски му приредија пријателски пречек (без помпи и камери) на Јохан Тарчуловски доделувајќи му го признанието "Почесен член на мото клубот Ноќни волци"! Јохан со искрени емоции се заблагодари на своите долгогодишни пријатели, кои му беа и останаа и во најтешките моменти, со зборовите: "Ние сме вистински другари без "тапкање по рамо", рамото на Ленин е секогаш до мене и кога другите се срамеа и се криеја од мене, тој повеќепати доаѓаше кај мене давајќи ми до знаење дека ја имам неговата морална поддршка". Ленин ја изрази својата безусловна пријателска поддршка со зборовите: "Последни те пречекавме, но нашето добредојде го чувствуваш, бевме со тебе од самиот почеток на твојата голгота. Сега си наш почесен член, единствениот "цивил" во НВ, но се надеваме дека во тебе повторно ќе се реинкарнира моторџискиот дух кој негува култ кон слободата и праведноста"! На собирот беше и сопругата Соња, со еден посебен шарм и сјај во очите кои раскажаа повеќе од нејзините зборови: "Не е лесно одеднаш да се навикнеш на среќа и радост, треба да ги надокнадиме изгубените 8 години и да го фатиме семејниот ритам. Времето без Јохан ме научи да ги разликувам вистинските луѓе, а вечерва со задоволство го славиме нашето искрено пријателство со Ленин и неговите моторџии"! Ете така, спонтано, искрено, машки и моторџиски Јохан, Ленин и Ноќните волци наздравија за култот кон пријателите, а Ленин на крајот го "издаде" Јохан дека научил многу вкусно да готви, на задоволство на Соња!


Поврзани

Најнови вести

Коментари