Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за „Патот кон“ на Алсат М, истакна дека моралот е внатрешна определба за тоа што е добро, а што е зло. Кога говориме за оставка како морален чин не може да се навлага во правни лавиринти до каде е оставката. По членот 115 од Деловникот на Собранието, Филипче можеше да ја даде истата и пред Собрание и веднаш ќе беше констатирана, вели Лефков.

Во однос на пршањето на пратеничката од СДСМ,  Снежана Калеска Ванчева за тоа каде ќе се најдат други луѓе ако се прифатат оставките, Лефков посочи дека со такви оправдувања СДСМ се служеше и кога изби скандалот во Фондот за иновации.

– Рековте од каде ќе најдеме луѓе и овде ме потсетувате на реториката на Зоран Заев од 2018-тата година кога беа скандалите поврзани со Фондот за иновации, кога беа обелоденети дека дел од луѓето одоговорни за доделување на парите од Фондот за иновации се поврзани со добитниците, тој рече ако ги прифаќаме оставките од каде ќе најдеме нови луѓе, во таа насока беше и Вашиот разговор, истакна Лефков

Тој нагласи дека Јавното обвинителство нема одговор од што настана пожарот, но видовме и како цела Влада направи еден политички увид на несреќата.

Го видовме на лице место како се појавува премиерот Зоран Заев со господинот Али Ахмети, ајде да кажеме дека Зоран Заев е премиер, а во која улога беше Али Ахмети на лице место на настанот? Како претседател на политичка партија? Тоа тогаш беше коалиционен увид на несреќата, запраша Лефков.

Лефков потсети дека по телевизиите имаше дека технички увид се нема извршено во модуларната болница во Тетово. Примопредавањето на модуларната болница било решавано со партиски средби.

-И ние денес осум дена по несреќата дозволуваме на национална телевизија да велиме дека таков партиски увид требало да ги открие причините за несреќата. Сметам дека тоа е катастрофа, нагласи Лефков