logo
logo
logo

Д-р Методи Чепреганов:

Јас носам по три маски, а единствен лек за оваа чума е вакцината!

Vecer | 07.04.2021

Јас носам по три маски, а единствен лек за оваа чума е вакцината!

Маските се најголема заштита. Јас носам по три маски што поголема заштита толку подобро така не може да влезе вирусот во вас, вели проф. д-р Методи Чепреганов во „Студио 10“ .

-Пандемијата е стресна состојба во три смисли – животозагрозени сме, има промени кои настапуваат на психички план и појавата на психосоматски болести. Во мојата 64-годишна пракса не сум сретнал лек кој нема секундарни појави. Секој лек мора да има сајд ефект, но тоа се многу мали работи во однос на вакцинацијата. Луѓето се плашат затоа што бизнис-политиката владее, вели Чепреганов.

Професорот истакна дека пред 9 дена се вакцинирал со „АстраЗенека“ и дека нема никакви симптоми.

-Нема друг лек и бенефит против оваа чума освен вакцинација, вели Чепреганов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk