Јаревски до Бочварски: Си потпишал договор за коридорите со празни ставки или кои дополнително ќе бидат договорени, за тоа кривично се одговара

Иако поминаа законите за пакетот закони поврзани со изградба на коридорите ние нема да замолчиме затоа што секоја страна од договорот за коридорите 8 и 10д е по еден скандал, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски на денешната седница за пратенички прашања.
Јаревски го праша министерот за транспорт и врски Благој Бочварски дали е точно дека е предвидено пет специјалисти да земаат надомест од 36.500 евра месечно. Така велат документите кои ги имаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, но кој не е доставен од Владата официјално.
Пратеникот исто така го праша министерот, како велат дека договорот ќе чини 1,3 милијарди евра, кога не се прецизирани цените во истиот.