logo
logo
logo

Јанушев: Власта никако да го исполни договореното од Изборниот Законик за фингерпринт

Vecer | 23.03.2021

Јанушев: Власта никако да го исполни  договореното од Изборниот Законик за фингерпринт

„Ако зборуваме за квалитетот на законите во Македонија, ние имаме квалитетни законски решенија, дел од нив имаат слабости можат да бидат подобри, секаде може да биде подобро, проблемот е во имплементацијата. Тоа ни се јавува со имплементацијата и овој пат со Изборниот Законик.

Видете 16.02.2020 година Изборниот Законик е објавен во Службен весник, од 16.02.2020 година до денес е поминато една година и еден месец. Никој не си зема засходно да подготви услови за имплементација на тоа што е предвидено во Изборниот Законик. Што е предвидено во Изборниот Законик?

Во Изборниот Законик е предвидено од првите избори без разлика какви, без разлика вонредни, редовни, локални, претседателски, парламентарни, по парламентарните избори во 2020-тата година задолжително да се користи фингерпринт“, истакна Игор Јанушев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Алфа телевизија.

Јанушев додаде дека апаратите за фингерпринт не беа ниту во Буџетот предвидени, ниту кога се праќаа барања некој се најде засходно од другата страна да одговори на тие барања.

„До ден денес се влечеме за тоа. Зошто?  За тоа што во членот 43 од Изборниот Законик е наведено дека министерството за внатрешни работи до ДИК ги доставува неопходните податоци и фотографии од граѓаните. И сега некој паметен таму вели тука не пишува отисок за прсти. Да, не пишува, но дали пишува матичен број, дали пишува адреса, дали пишува име и презиме, дали пишува татково име, дали ги пишува сите останати податоци кои што досега МВР ги доставува, па не пишува. Тоа е дадено  во делот на следните членови, 44, 45, 46 и подоле во самиот Законик каде што е предвидено што се содржи Избирачкиот список односно изводите од Избирачки списоци кои што ги имаме на избирачките места. И сега ако вие одите по таа логика ние можеме не до утре сабајле, до следната година да наоѓаме рачки и пречки зошто тоа да не се спроведе“, рече Јанушев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk