logo
logo
logo

Јанушев до Николовски: Вашиот брат преку фирма наплаќа готовина без да издава фискална сметка

Vecer | 25.02.2021

Јанушев до Николовски: Вашиот брат преку фирма наплаќа готовина без да издава фискална сметка

На денешната собраниска седница, Игор Јанушев, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ постави прашање до Љупчо Николовски дали знае дека неговиот брат преку фирма наплаќа готовина без да издава фискална сметка, а при тоа се кршат закони.

– Ќе започнам со тоа што ќе цитирам неколку членови од Законот за регистрирање на готовински плаќања. Член 2 вели –„Даночните обврзници кои вршат прометни добра и прометни услуги, за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат односно готовинско плаќање должни се да користат и воведат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат сметка за извршениот промет односно услуга“.

Понатаму, во членот 12 се вели – „Не е дозволен промет на добра и услуги кои не се вршат преку монтиран и воведен во користење одобрен фискален систем на опрема освен во случаи кога е потребен ремонт или поправка на фискална апаратура односно надворешниот GPRS уред“.

Членот 13 вели – „Даночниот обврзник, значи просечен промет во деловниот објект надминува еден милион денари во претходна година со исклучок на даночни обврзници кои вршат промет на нафтени деривати е должен да регистрира трезорен фискален систем на опрема“. Тоа е за оние кои имаат над милион денари промет.

А, во член 20 се вели дека – „УЈП врши контрола на спроведување и примена на одредби на овој закон и прописи донесени врз основа на овој закон“. И во членот 21 вели – „Предвидена е глоба во износ на 5.000 евра во денарска противредност да се изрече на даночен обврзник односно правно лице и трговец поединец за сторен прекршок доколку не користат фискална опрема“.

А, со други зборови значи плаќање во готово без издавање на фискална сметка и фискални уреди не се дозволени. Значи прашањето господине вицепремиер за корупција ми е дали имате информација дека фирмата на вашиот брат овозможува спротивно на Законот кој што го цитирав за готовински плаќања промет на услуги со начин на плаќање без да се издаде фискална сметка, Јанушев го запраша Николовски.

Јанушев посочи дали Николовски е свесен криминалот кој што се прави, и дали за тоа ќе се поведе одговорност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk