Во селото Обедник:

Јанкулоска кај опожарената џамија

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази, претставници на Исламската заедница и на мониторинг мисијата на Европската унија, го посетија демирхисарското село Обедник, каде што во подметнат пожар изгоре дел од внатрешноста на џамијата и е украден системот за озвучување. За вчерашниот настан разговараа со имамот Бајрам Бајрами и со жители на селото.

- Правото на вероисповед е една од најсветите права што им припаѓаат на граѓаните и не смее да се дозволи ваквиот чин да го наруши добриот меѓуетнички соживот, рече Јанкулоска. Според неа, МВР засилено работи на откривање на сторителите и неколку лица веќе се повикани на информативен разговор во полиција во врска со случајот.



Поврзани

Најнови вести

Коментари