logo
logo
logo

Јаневска: Директорка на ДИЦ Елизабета Наумовска поништи испит на 111 кандидати за директори спротивно на законот

Vecer | 08.12.2022

Јаневска: Директорка на ДИЦ Елизабета Наумовска поништи испит на 111 кандидати за директори спротивно на законот

Вечерва Весна Јаневска, претседателката на Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Што не е јасно“ говореше за злоупотребата на службената должност на директорката на ДИЦ, Елизабета Наумовска која со одлука на ДПИ поништи испит на 111 кандидати кои посетувале обука за лиценца за директор според Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење.

„Таа се правдаше дека немаше обучувачи за Македонците, а имаше обучувачи за албанскиот дел иако конкурсот за обучувачи доцнеше месеци. Тоа е првиот прекршок кој што го направи и со тоа ги дискриминираше едните од другите. Откако конечно се одбраа обучувачи, тогаш се менуваа тестови, прашања испитни, се купуваше едне долг период време за кандидативе да ја одржат обуката во летниот период на жештините иако немораше така“, појасни Јаневска.

„Јас напишав на мојата фан страна дека повторно се крши законот и јавно објавивме и ја повикавме директорката Елизабета Наумовска да не го крши законот затоа што последниот дел, третиот дел од испитот го закажаа вон законски рок. Имено, испитот се содржи од три дела, за првите два д ела нема законски рок кога можат да го полагаат, но за третиот дел кој се состои од израбо став тка, подготовка, предавање, изработка на семинарска и бранење на истата. По законот членот 18 став 8 пишува дека треба да се одбрани таа семинарска работа во рок од еден месец“, рече таа.

Посочи дека директорката на ДИЦ, одолговлекуваше со обуките и избор на обучувачи и го прекрши законот, член 18 став 8, и не закажа трет дел од испитот во законски рок. По претставка до ДПИ, државниот инспектор носи одлука да се поништи испитната сесија, на штета на кандидатите кои за оваа состојба воопшто не се виновни.

Јаневска укажа дека ги охрабрува кандидатите да поднесат барање до ДИЦ да им се признаат првите 2 дела и изработената семинарска работа, предадени во рок и во новата сесија, како трет дел од испитот, да остане само одбраната на семинарскиот труд пред истата комисија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk