logo
logo
logo

Јаневска: Царовска не нуди дигитализација, ТУКУ САМО ДИГИТАЛНИ УЧЕБНИЦИ

Vecer | 07.06.2021

Јаневска: Царовска не нуди дигитализација, ТУКУ САМО ДИГИТАЛНИ УЧЕБНИЦИ

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не рекло дека е против реформи, туку поддржуваме реформи и никогаш не сме рекле дека сме против дигитализација, напротив први со децении работевме на дигитализација, туку она што против кое сме употреба на само дигитални учебници. Хартиени учебници мора да има, изјави Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, за Анализа на ТВ24.

Јаневска истакна дека тоа што го нудат МОН и Царовска не е дигитализација, туку само дигитални учебници и да не се манупилира дека ВМРО-ДПМНЕ е против дигитализација, затоа што  ВМРО-ДПМНЕ спроведе компјутер за секое дете, платформа за пдф учебници, електронски дневник кој СДСМ водеше кампања дека ќе го укине.

- Првата опција за децата и за наставниците мора да бидат хартиените учебници. Знаеме колкава е бројката на ранливи категории и тие кои се на раб да станат ранливи во пандемијата и дека тие никако нема да бидат рамноправни во употребна на само дигитални учебници, потенцираше Јаневска.

Во однос на концептот на МОН, Јаневска нагласи дека, тоа не е закон и дека законските решенија кои треба да ја поддржат Концепцијата се пуштени во Собрание но не се донесени, затоа сите огласи и повици кои се спроведуваат во врска со Концепцијата се незаконски, што и претставува проблем на оваа влада затоа што многу од нештата кои ги спроведуваат се надвор од законот.

- Концепцијата ја носат во пандемија кога се  е стресно во образование, а државата во рецесија, и сметаме дека теренот не е подготвен, а реформите на власта се спроведуваат на неподготвени наставници, учебници и во такво разнобразна околина учениците ќе немаат печатени и харитени учебници, нагласи Јаневска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk