Јанчев: Комуналните служби на терен по невремето што го зафати Кавадарци и околината (ВИДЕО)

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на социјалните мрежи се огласи со информации околу активностите на службите на општината, околу сузбивање на последиците од невремето.
Службите ги санираат штетите од невремето.
Службите на Ј.П. Комуналец Кавадарци и покрај интензивното невреме од дожд кое го зафати Кавадарци, работат на чистење на патот во Катуниште, Бошавијата, Моклиште, Глишиќ и многу други локации во Тиквешијата на кои постои опасност од одрони.
„Се замолуваат граѓаните да бидат внимателни“, објави на својот ФБ градоначалникот Митко Јанчев.