logo
logo
logo

Јанчев: Инвестиција од 2,2 милиони евра за жителите на Општина Кавадарци

Vecer | 17.05.2022

Јанчев: Инвестиција од 2,2 милиони евра за жителите на Општина Кавадарци

Проектот за реконструкција на атмосферската канализација вреден 2,2 милиони евра обезбедени преку грант од КФВ банка, се реализира во Кавадарци. На повеќе улици ќе се врши реконструкција на атмосферската канализација, но и одвојување на фекалната од атмосферската. Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев и претставници на германската банка денеска извршија увид во градежните активности за реконструкција на атмосферската канализација на улица „Вардарска“. Тие побараа трпение од граѓаните поради забавувањето кое ќе се случи во сообраќајот сооглед на поголеми градежни зафати кои ќе се реализираат наредните месеци. Јанчев посочи дека улиците каде што ќе се вршат прокопи по завршените активности ќе бидат вратени во првобитна состојба. https://youtu.be/3S6tyJIy5i0  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk