logo
logo
logo

Јанакиески: Подготвен сум да одам на полиграф за јавноста да види кој ја зборува вистината

Vecer | 28.05.2021

Јанакиески: Подготвен сум да одам на полиграф за јавноста да види кој ја зборува вистината

Не го познавам лицето Александар Нинџа, ниту пак некогаш сум разговарал со него, истакна во својот исказ Миле Јанакиески. Тој вели дека Нинџа дал пет различни изјави и дека исказот што го дал е единствениот доказ против него.

- Поради тоа спремен сум да одам на полиграф заедно со Нинџа за настаните од 27 април за јавноста да види кој ја зборува вистината, побара Јанакиески и уште откри дека има 45.000 незконски снимени разговори со него и 155.000 СМС пораки.

- Јас сум најприслушкуваниот човек во Македонија. Од овие листинзи ќе се види дека сум немал никаква комуникација со Нинџа, објасни Јанакиески.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk