logo
logo
logo

Јакимовски: За да се води држава потребни се сериозни луѓе, а не луѓе како Заев

Vecer | 15.03.2021

Јакимовски: За да се води држава потребни се сериозни луѓе, а не луѓе како Заев

Стевче Јакимовски, лидерот на Гром во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за се што се случува во државата од страна на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев.

Јакимовски најпрво зборуvаше за последната информација која излезе во јавноста каде на граничниот премин Деве Баир, лично премиерот Заев ургирал да поминат 4 автомобили и според Јакимовски  станува збор за тоа дека се пренесувало нешто недозволиво.

-Не знам зошто треба премиер да се јави на граница, кога сега нема гужви, освен ако не шверцуваат нешто со нив, зошто би требало да се јави. Застануваш на пасошка контрола и тоа не е работа повеќе од 2-3 минути, освен ако тие со нив не носеле нешто недозволиво. И навистина мене не ме чуди да се јавува Заев за такви работи, но да се годишни одмори, да е оној период кога се оди на скиење пак некако да имаме разбирање.

Сега апсолутно границата е мирна, зошто би требало да се јави премиерот единствено ако ти не носеле нешто недозволиво. Најверојатно Заев не се занимава со битните, крупни работи. Тоа зависи од капацитетот на човекот, дали ќе се бавиш со глобална политика, со државна политика или ќе се занимавш со Деве Баир границата кој проаѓал и кој требалоло да помине, дали пријател, дали непријател, дали шверцер и така натаму, рече тој.

Понатаму Јакимовски во своето гостување зборуваше за последните информации поврзани со следење на процесот на вакцинација каде Македонија на Блумберг листата од 122 држави се наоѓа на 118 место.

-Ние се навикнавме се над 110 место да бидеме, не постои нешто за кое ние сме под 110. Ако е по квалитет на армијата сме  129 , ако сме по корупција 111, ако сме по ниво на Дуинг бизнис порано бевме меѓу првите 3 од 50, сега не нема ни во тие 50. Ова се сериозни работи и за овие сериозни работи потребни се сериозни луѓе.

Ова не е едноставна работа кога се води држава, таа е комплексна работа и очигледно ако се нема капацитет сето тоа се менаџира и мора да има еден кој тоа го раководи, но во исто време ние гледаме дека ниту министертсво финкцинионира, ниту министри, круна на се е тоа премиерот и владата, додаде Јакимовски во свото гостување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk