logo
logo
logo

Јакимовски: Вучиќ ја известува опозицијата за Косово, Заев крие што преговара и спрема катастрофа

Vecer | 22.06.2021

Јакимовски: Вучиќ ја известува опозицијата за Косово, Заев крие што преговара и спрема катастрофа

Додека Вучиќ се советува и ја известува опозицијата што преговара за Косово со Брисел, тука во Македонија, Заев крие каков е португалскиот предлог, крие што преговара  и се спрема за катастрофа да се прифати дека имаме бугарски корени и дека јазикот е бугарски, изјави лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски за „Што не е јасно“ на Алфа.

- Ова што се прави е за да се прифатат исти корени со Бугарите, дека јазикот е по потекло бугарски, исто и идентитетот, и останува територија, што потврди и Ковачев. Затоа бараат да признаеме бугарски корени, за по одредено време да се изгуби македонското прашање, рече Јакимовски.

Тој посочи дека Сега е важно сите да работиме за интересите на Македонија, но наместо тоа Заев прифаќа катастрофа како тоа дека Бугарија да може да не блокира на било кое поглавје дури и ако некогаш добиеме датум.

- Заев вели цело време дека не зборуваат за идентитетот и јазикот а реалноста е дека не зборуваат само од 1944 година, затоа што од таа година навака и Бугарите не прават проблем. Што станува со пред 1944 година? Затоа користи тој лаги.  Затоа и не го знаме предлогот на Португалија, не го знаеме патоказот, не знаеме што преговара Заев. Вучиќ беше на неуспешни преговори во Брисел за Косово, но кога се врати ја свика опозицијата и кажа што се разговарало, истакна Јакимовски.

Јакимовски нагласи дека ако сега му се даде поддршка на Зоран Заев, завршено е со македонскиот идентитет, култура, историја, знаме, завршено е со химна, нема да има дека Македонците се борат, ќе ги нема ниту Гоце Делчев ниту другите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk