logo
logo
logo

Стевче Јакимовски влезе во втор круг: Влеговме во финалето. Водството на кандидатот на СДСМ е достижно

Vecer | 18.10.2021

Стевче Јакимовски влезе во втор круг: Влеговме во финалето. Водството на кандидатот на СДСМ е достижно

Д-р Оливер Зафировски, кандидатот за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ не успеа да влезе во вториот круг од изборната трка. Имено, Зафировски за помалку од 300 гласа заостана зад поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски.

Во првиот изборен круг, кандидатот на СДСМ, Душко Весковски освои најмногу гласови и тој е главниот опонент на Јакимовски во второто изборно соочување.

– Влеговме во финалето. Водството на кандидатот на СДСМ е достижно. Јас ви гарантирам дека ќе го победиме. Ќе победи визијата, резултатите, одговорноста и совеста, за да може Карпош да си го вратиме на вистинскиот пат. Нè чека големо финале. Очигледно е дека граѓаните, не само на Карпош, туку и на Македонија препознаа дека оваа власт го губи здивот и нема ниту знаење, ниту потпора во народот да води. Тоа значи дека по овие локални избори, наскоро ќе имаме и парламентарни избори, изјави Стевче Јакимовски, а пренесе „360 степени“.

Во однос на составот на Советот на општината, најмногу советници ќе има СДСМ, а веднаш зад нив е ВМРО-ДПМНЕ. Во локалната власт свои претставници ќе имаат и Левица, Гром и независната листа на Невена Георгиевска.

Од ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да откријат дали ќе го поддржат Јакимовски во вториот изборен круг. Оттаму, во изјава за Слободен печат само кратко одговорија дека прво ќе сондираат и анализираат, па ќе решат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk