logo
logo
logo

Јакимовски: Укажувавме дека со Заев ќе има промена на знаме, химна и грб и еве се остварува

Vecer | 22.06.2021

Јакимовски: Укажувавме дека со Заев ќе има промена на знаме, химна и грб и еве се остварува

Ахмети сега им укажа на граѓаните што ги очекува во наредниот временски период, вели лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, за „Што не е јасно“ на Алфа,  во однос на најавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека со Заев разговарале за промена на знамето, химната и грбот.

- Има два аспекти, првиот во 2016 пред изборите предупредувавме дека Македонија ќе стане двојазична, дека ќе се промени уставното име на Република Македонија и гледаме дека тие две работи се завршија. АСНОМ се исфрли од Уставот  и уште тогаш зборувавме дека со Заев не чека промена на химната, знамето и грбот и тоа еве се остварува, потенцираше Јакимовски.

Тој додаде дека изјавата на Ахмети е создавање терен дека со Заев само може да се дојде до овие промени и да оневозможи на ВМРО-ДПМНЕ да бара коалициони и партнери во албанскиот корпус.

- Заев се однесува како Луј 16, државата тоа сум јас, а ако се сеќавате во Швајцарија во 2016 јасно кажа што ќе се случува и тие работи излегуваат на виделина.  Време е конечно македонскиот народ да каже, од кого и да е, ова е премногу.  Ние Македонците ќе се сведеме да бидеме Македонци само по дома. Албанците каде и да се се Албанци, во Грција, Србија, Црна Гора, Македонија, само Македонците не можат да бидат Македонци ни во Грција, ни во Бугарија, а сега ни прават и дома да не може да бидеме Македонци, изјави Јакимовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk