logo
logo
logo

Јакимовски: СДСМ и СДММ се подготвени со хакерски напад да ја дискредираат моја Фејсбук кампања

Vecer | 24.10.2021

Јакимовски: СДСМ и СДММ се подготвени со хакерски напад да ја дискредираат моја Фејсбук кампања

Кандидатот за старо-нов градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски обвинува дека во тек е хакерски напад на социјалните мрежи насочен против неговата кампања, откако на ФБ се појавиле „лајкови“ од Кинези и Виетнамци кои ја поддржувале неговата кампања пред вториот круг на изборите за градоначалник на оваа општина.

„Фактот што Стефан Богоев го споделува постот со кинеско-виетнамските лајкови и го препраќа по сите општински организации на СДСМ и СДММ говори дека биле подготвени за овој хакерски напад со цел да ја дискредираат моја Фејсбук кампања.

За жал нивната нечесна намера ја откривме уште во текот на емисијата и ако го следевте моето обраќање ќе видевте дека ги известувам граѓаните за нападот на кинеско ветнамски ботови.

Очигледно коректна и фер изборна кампања им преставува голема потешкотија“, напиша Јакимовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk