logo
logo
logo

Јакимовски: Претходниот градоначалник го управувал Карпош со погpeшна стратегија

Vecer | 30.11.2021

Јакимовски: Претходниот градоначалник го управувал Карпош со погpeшна стратегија

-Вообичаено во вакви ситуации со дрвја и камења да се фрла по својот претходник, јас тоа нема да го направам. Ситуацијата со општинската каса е сложена. Наредната година од прилика ќе биде стабилизациона година без можности за некои посебни инвестициони зафати. Значи година на стабилизација, година на штедење. Главната причина е што изминативе четири години и приходите во општината се драстично паднати. Можете да замислите од 11 ипол милиони евра паднале на 5 – 5 ипол милиони евра и тоа јасно укажува дека некои од прилика 15 – 16 милиони евра се изгубен приход во изминатиот временски период, а тоа значи дека се изгубени инвестиции за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, рече тој
Јакимовски додаде дека претходниот градоначалник имал погрешен начин и стратегија на водење на општината.
-Сега повторно се обидуваат некои структури да на исти начин да ја блокираат работата на општинската администрација. Значи Општината ја сочинуваат граѓаните, но ја сочинуваат и таа администрација која што служи на граѓаните. Ако ние останеме без приходи, ние не можеме да им служиме на граѓаните. Нормално за да функционира Општината, за да решаваме проблеми на граѓаните, см решиле многу останале малку, ама сме решавале и проблеми кои што не биле наши, еве училиштата да се реновираат сме дале 5 милиони евра, а не е наша обврска, тоа е на министерството за образование и наука и на Владата. Градинки сме реновирале, не е наша обврска. Да плаќаме струја, вода, парно греење на училишта исто така тука два милиони евра сме дале во изминатиов период, и тоа не се наши обврски. Ние само управуваме со овие установи, меѓутоа не можеме да дозволиме нашите најмлади жители да одат во субстандарни услови исто така не можеме да дозволиме да речеме да се исклучи греење или да се исклучи струја и така од општинската каса сме ги плаќале тие трошоци, а сето тоа одело на уштрп на решавање на други проблеми како што се улици, канализации итн., појасни Јакимовски.
Јакимовски посочи дека во моментов Општината е блокирана некаде за скоро два милиони евра, а во исто време има новосоздадени обврски во изминатиов временски период околу 3 милиони евра. А, платите на вработените се 2 ипол милиони евра годишно. И Општина Карпош има преку 380 вработени. Тоа е премногу.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk