logo
logo
logo

Јакимовски: Поради лошите политики на СДСМ државата тапка во место

Vecer | 15.03.2021

Јакимовски: Поради лошите политики на СДСМ државата тапка во место

Стевче Јакимовски, лидерот на Гром во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“  посочи дека во државата не се случува ништо, се тапка во место и сето тоа е поради лошите политики на СДСМ. Според Јакимовски оваа влада на СДСМ е само се свртена кон апсења, притвори, обвиненија и слично.

-Вие гледате дека година дена Заев од Табановце нема излезено и не само тој туку и претседателот на држава што значи дека се целосно изолирани. Ова со вакцините што не ни ги даваат не е случајно, ова 111 место по корупција не е случајно, гледате вие дека меѓународната заедница веќе крена раце од ваква власт. Каде е сега Папата, каде е Ангела Меркел? И тогаш им кажувавме тие ќе си завршат работа, ние и да сакаме и да не сакаме ќе станеме членки на НАТО ама само ќе ја направиме белјата со промена на името и гледате што се случи, сега веќе дигнаа раце од нас.Тие немаат капацитет и внатрешната политики да ја држат во државата.

-Од водење влада само знаат затвори, притвори. Сте лушнале ли вие за некој културен настан во изминативе 4 години, за некое уметничко дело, култура има ли оваа држава, сте слушнале ли за некој градежен проект. Сте слушнале ли во областа на здравството некој апарат да го имаме , еве пример некој апарат го има во Америка, го има во Јанпонија, така го има и во Македонија, нешто да се набави . Апсолутно ништо не се мрда, во ниту еден дел,ние цело време се вртиме околу апсење, обвиненија, судство.Само тоа е перципирање на власта од страна на СДСМ, рече Јакимовски.

Според Јакимовски оваа влада на СДСМ нема ниту еден проект со кој може да се забележи и да остане запаметена.

-Ќе ми каже некој каква економска  политика оваа влада води?Која е даночната политика, почнаа со прогресивно одданочување, се вратија назад, ќе ми кажат каква момнетарно- кредитно политика оваа држава води. Ние не можеме да видиме ништо со што  оваа влада  би останала забележана,  додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk