Извештајот на СЈО утре на собраниската комисија за политички системи

Новиот шестмесечен извештај на специјалното јавно обвинителство за периодот од 15 септември до 15 март утре ќе се најде на дневен ред на собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во извештајот што СЈО го објави на 15 март се наведува дека во текот на извештајниот период од страна на судот се целосно одобрени 15 обвиненија поднесени во месец јуни 2017 година. „Во оваа смисла, петтиот извештаен период несомнено претставува потврда на целокупната работа на тимот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите од неговото започнување со работа и заклучно со поднесувањето на овој Извештај“, пишува во извештајот.

Во текот на петтиот извештаен период, исто така, СЈО отвори седум нови истражни постапки против вкупно 17 лица.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари