logo
logo
logo

Извештај на Европскиот парламент: Бугарија ја провоцира Македонија?

Vecer | 23.03.2021

Извештај на Европскиот парламент: Бугарија ја провоцира Македонија?

Европскиот парламент подготвува извештај во којшто Бугарија се обвинува за провокативни изјави кон Македонија, пишува БГНЕС

Во Годишниот извештај за Северна Македонија поднесен до Европскиот парламент (ЕП), којшто ќе се најде на дневен ред пред европратениците утре и задутре ќе се додадат и амандмани кои се однесуваат на непримереното однесување и провокации на претставници на бугарските власти.

Со таков предлог вчера излегле европратеници од Зелените и од Социјалистите, кои ги поднеле амандманите, јави бугарската агенција БГНЕС.

Вчера, во последен момент, групите на Зелените и социјалистите во ЕП доставиле предлози за измени и дополнувања на извештајот.

„Со предложените корекции се обвинуваат членови на бугарската влада за провокативни изјави во однос на историски прашања кои ја засегаат Северна Македонија и во таа насока се повикуваат бугарските власти да се воздржат од такво однесување за време на предизборната кампања во Бугарија“, пишува БГНЕС.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk