logo
logo
logo

Изненадувањето на Ахмети: ЗЕЛЕНАТА АГЕНДА ДЕЛ ОД ДУИ

Vecer | 05.06.2021

Изненадувањето на Ахмети: ЗЕЛЕНАТА АГЕНДА ДЕЛ ОД ДУИ

Изненадувањето на ДУИ, за кое се јавија бројни шпекулации во јавноста, всушност е дека зелената агенда станува дел од партиската програма.

Според лидерот на партијата, Али Ахмети дојдено е време да се прифатиме политиките за една зелена развиена и безбедна иднина.

- Денес е ден на животната средина. Исполнет е Охридскиот договор, интеграција во Нато, правична застапеност. Се изградија учичишта, болници, театри. Време е ДУИ целосно да се фокусира на животот, истакна Ахмети на денешниот настан по повод роденденот на партијата.

Тој изјави дека на 19-иот роденден на ДУИ започнува нова политика и дирекно дејствување, политика за еколошка правда и квслитетен живот.

- Зелената агенда станува дел од ДУИ, истакна Ахмети.

Настанот се одржува со мото „За една зелена иднина“, а  Ахмети порача дека е ова време кога Албанците раководат со Собранието, во Владата.

- По Рамковниот договор дојде време ДУИ да се фокусира и целосно на квалитетот и условите на животот, на една неселективна правда, дигитализацијата… Вие младината барате гласно услови за живот како на Западот, изјави Ахмети во во воведот на својот говор.

-Парите наменети во Зелената агенда се инвестиција во нашето здравје, во чистиот воздух, во намалување на загадувањето на воздухот, за гасификација, рече тој.

Тој додаде дека денес загадувањето на животната средина е и загрозување на безбедноста.

- Ние ќе се ангажираме дабидеме регионални и европски лидери во зелерната. еколошка политика. Европската политика значи внимавање на чистиот воздух. Да внимаваме на тоа без оглед на етнички, партиски, социјални и други разлики, дека дишеме еден воздух, живееме во еден ист простор, ние како ДУИ ќе бидеме столб во ваквата идна политика и во времето што претстои”, изјави Ахмети

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk