logo
logo
logo

ИЗМИНАТАВА НЕДЕЛА помалку новозаразени со Ковид-19: Стапката на смртност се уште висока!

Vecer | 22.09.2021

ИЗМИНАТАВА НЕДЕЛА помалку новозаразени со Ковид-19: Стапката на смртност се уште висока!

Институтот за јавно здравје во периодот од 13 до 19 септември регистрира помалку новозаразени со ковид-19. Во државава досега се вакцинирани вкупно 774 422 граѓани. Согласно вчерашните податоци регистрирани се нови 554 случаи на ковид-19 од направени 4072 тестирања. Оздравени се 891 пациенти, а пријавени се 17 починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622 бројката на оздравени пациенти е 168 700, на починати е 6489, а бројот на активни случаи изнесува 12 433.

Во периодот од 13 до 19 септември годинава тестирани се вкупно 28 972 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,2 проценти во однос на минатата недела, се вели во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Регистрирани сe 3340 нови позитивни случаи од 32 градa во државата, за 3,7 посто помалку од минатата недела.

Процентот на позитивност се движи од 7,8 отсто до 14,3 проценти, просечно 11,4 посто. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.669; 50,0%), a највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци – 280,8/100 000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица

на возраст над 60 години (n=979, 29,3%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=143; 4,3%).

– Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица кај сите возрасни групи, освен кај возрасните групи од 0-9 каде што има зголемување за 50,5 посто и кај возрасната група од 10-19 каде што има зголемување за 8,2 проценти, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Како што соопшти вчера Министерството за здравство, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 774 422 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.955 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12 062 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1 465 229 дози вакцини, а ревакцинирани се 690 806 граѓани.

Со последните бројки, како што се посочува, 55 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 31 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од истата, стои во соопштението на МЗ.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера истакна дека кризата со коронавирусот покажа дека може да се управува само на начин што значи мултиспектрален пристап и мултиспектрално управување, не само во нашата земја, туку и во многу земји во светот.

Во обраќањето вчера на Форумот организиран од Евроатланскиот Центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) на НАТО и Центарот за управување со кризи (ЦУК), Филипче ја потенцирал важноста за учеството и организацијата на повеќе експертски системи и институции, светски и домашни, есенцијалната важност при взаемната соработка и размената на податоци како клучен фактор за справување со пандемијата.

– Научивме многу во однос на тоа и сега знаеме кои различни системи во различни сектори треба да ги подобриме во организациската поставеност и во однос на меѓусебната соработка. Она што го научивме за време на справувањето со кризата е важноста на комуникацијата и соработката со јавноста помеѓу институциите. Придонесот на СЗО во целиот овој процес со размена на информации, искуства и знаења од претходните пандемии и целосна поддршка во овој период и од страна на регионалниот директор Ханс Клуге, кој беше цело време на наше располагање, Светската банка која го обезбедуваше целиот овој период со заеми што помогнаа да се одговори на вирусот за потребите на здравствениот систем. НАТО, особено секторот за управување со кризи, без кој можам да кажам дека не би можеле веднаш да управуваме со кризата во врска со потребата од заштитни материјали, машини, дијагностика, опрема и инструменти кои беа многу потребни за лекување на пациентите во болниците, истакнал Филипче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk