logo
logo
logo

ИЗМАМНИЦИТЕ ДЕМНАТ ПЕНЗИОНЕРИ: Тројца скопјани ИЗМАМЕНИ за околу 6000 евра за ЛАЖНИ СООБРАЌАЈКИ

Vecer | 30.09.2022

ИЗМАМНИЦИТЕ ДЕМНАТ ПЕНЗИОНЕРИ: Тројца скопјани ИЗМАМЕНИ за околу 6000 евра за ЛАЖНИ СООБРАЌАЈКИ

Доцна синоќа во 20:30 часот во Полициската станица Аеродром, 84-годишна скопјанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 60.000 денари и 1.700 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило околу 17:30 часот и ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и доколку сака да ја спаси од затвор ќе треба да му даде пари.

Како што е пријавено, тие се договориле, по што му ги дала парите, а откако ќерка ѝ дошла дома таа сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во 22 часот, пак, во истата полициска станица, 74-годишен скопјанец пријавил дека тој и неговата сопруга биле измамени од едно лице за сума од 3.500 евра.

Според пријавеното, лицето им се јавило околу 09:15 часот и ги известило дека нивниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која починало дете и доколку сакаат да се спаси од затвор ќе треба да му дадат пари. Како што е пријавено, тие се договориле и му ги дале парите, но подоцна сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување и на овој случај.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk