logo
logo
logo

Излизгана машина за чистење снег го ЗАПРЕ СООБРАЌАЈОТ на патот Гевгелија-Богданци

Vecer | 13.01.2025

Излизгана машина за чистење снег го ЗАПРЕ СООБРАЌАЈОТ на патот Гевгелија-Богданци

Сообраќајот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци од 09:50 часот е во прекин во двата правца поради излизгана машина за чистење на снег, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Претходно Министерството за транспорт и врски информираше дека дежурните екипи на ЈП Македонијапат и во текот на ноќта во континуитет биле на терен и вршеле расчистување на сите државни патишта со цел да ги оддржат проодни за сообраќај.

-Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Службите на ЈП Македонијапат со целокупната механизација и работна сила продолжуваат со расчистување за нормално одвивање на сообраќајот на државните патишта, велат од Министеството.

Апелираат до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk