„Излези момче право на тераса“, пејат демонстрантите пред вилата на Иванов (ВИДЕО)

Демонстрантите од пред Собранието вечерва се упатија пред Вила Водно, во знак на поддршка за претседателот Ѓорге Иванов.

Интонирајќи ја македонската химна, а потоа пеејќи ја навивачката „Излези момче“ и скандирајќи „Иванов“ и „Македонија“, демонстрантите ја поддржаа одлуката на Иванов кој се спротивстави на договорот што Владата го случи со Грција.

Претхоно, демонстрантите од пред Собранието порачаа дека е страшно да се менува државното име и никој не смее да се прашува за тоа.  Тие истакнаа дека меѓународната заедница требала да ја прифати земјата под уставното име и го повторија својот став дека договорот е против сите правила.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари