logo
logo
logo

Излезе од затвор Алими осуден за 27 април, го пречека Зијадин Села

Vecer | 30.05.2023

Излезе од затвор Алими осуден за 27 април, го пречека Зијадин Села

Денеска од затворот Идризово излезе поранешниот обезбедувач во Собранието, Абдуљфета Алими, кој таму помина 6 години откако беше осуден за давање на клучевите.

Пред затворот лично го пречека поранешниот претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

За Алими, казната беше помала бидејќи, како што кажа тогаш судиката Добрила Кацарска, го спасил Села од толпата.

Алими по излегувањето кажа дека е добар и се заблагодари за поддршката.

Села го нарече Алими брат кому му го должи животот.

Алими одлежа 6 години и два месеци затвор затоа што според обвинението и пресудата ги дал клучевите на поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои ги отворија  вратите на Собранието и им овозможија на демонстрантите да влезат внатре. Поради спасувањето на животот на Села, судискиот совет ја намали ефективната мерка со определување ефективни 7 години затвор. Алими тогаш раскажа како насилниците се оддалечиле од Села бидејќи тој им кажал дека е мртов, а потоа го скрил во една од канцелариите во Собранието.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk