ОД ВЧЕРА

Излезе македонскиот "Глобус"

Новиот неделник "Глобус" вчера и официјално беше пуштен во продажба. Главниот и одговорен уредник на неделникот, Бранко Тричковски ни изјави дека интересот кај читателската публика за новиот весник е голем, а тоа докажува и фактот дека уште од првиот ден тој бил распродаден.

- Идејата за "Глобус" се роди од анализата и сутуацијата на медиумите во Македонија која покажа дека имаме крајно незадоволителни односи и криза. Мислам дека граѓаните имаа исчекување за нешто ново, нешто поамбициозно кое ќе го унапреди степенот на неделниот журнализам. Тоа исчекување го добија со "Глобус", вели Тричковски.

Весникот кој чини 50 денари е проект на фирмата "Мост" и на "Медија Принт Македонија". "Глобус" е резултат на соработката со истоимениот хрватски неделник, ќе ги следи истите рубрики и насоките во концептот, меѓутоа со оригинални македонски производи од наши автори кои ќе ги обработуваат секојдневните македонски проблеми.
(Б.З.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари