Изгоре куќа во битолската населба Баир

Рано утрово во битолската полиција било пријавено дека избувнал пожар во куќа во населбата Баир, лоцирана над магистралниот пат Прилеп-Ресен (обиколница Битола).

Пожарот за околу еден час бил локализиран од екипа на противпожарната единица-Битола, но куќата целосно изгорела.

Од МВР информираат дека во инцидентот нема повредени лица, а увидот ќе се врши во текот на денешниот ден.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари