logo
logo
logo

Изгаснати пожари на патот Штип – Кочани и кај Тиквешко езеро

Vecer | 05.02.2023

Изгаснати пожари на патот Штип – Кочани и кај Тиквешко езеро

Во саботата во СВР Штип било пријавено дека околу 23,30 часот во Индустриска зона на магистралниот пат Штип-Кочани настанал пожар на работна машина на фирма од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Бо неделата околу 05.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во објект во близина на Тиквешко езеро.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кавадарци пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk