logo
logo
logo

Воспитувачите велат: Издржавме СÉ... ама за УКИНУВАЊЕ НА УЧЕБНИЦИТЕ...

Vecer | 26.05.2021

Воспитувачите велат: Издржавме СÉ... ама за УКИНУВАЊЕ НА УЧЕБНИЦИТЕ...

Почитувани родители, баби и дедовци, наставници, средношколци... невладини организации и сите засегнати со образованието и заштита на правата на децата. Јас како дипломиран воспитувач се охрабрив прва да пишувам за проблемот кој ќе не уништи сите, и децата и возрасните. Се обидувам да го замислам животот на децата без учебници и искрено не можам да замислам како ќе функционира. Веќе втора година се вразани по 24/7 за стол, сега ќе треба и да учат од монитори... ако може тоа да се нарече учење.

Ве молам... доколку Ви се важни децата... доколку посакувате добро за нив и нашата заедничка идинина... тогаш ајде сите заедно да направиме нашто. Ние сме тие кои треба да им помогнат на децата .... тие секако се немоќни. Бог ни ги дал и мора да се бориме за нивното добро, се вели во објавата на Фејсбук-групата Учебници и настава мора да има.

- Издржуваме две години комбинирана настава, соочувајќи се со многу проблеми, со интернет, со компјутер, таблет, телефон. Ама не можеме да издржиме со ПОГОЛЕМИТЕ ПРОБЛЕМИ КАЈ ДЕЦАТА, како:

- главоболки,

- проблеми со очите

- болки во 'рбет

- недостаток на внимание при он-лајн часови и он-лајн настава... и т.н.

Издржавме СÉ... ама за УКИНУВАЊЕ НА УЧЕБНИЦИТЕ не смееме да молчиме!!! Не смееме да дозволиме да ја префрлат "топката" на родителите и училиштата.

Ќе се бориме за здрав образовен систем!!!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk