logo
logo
logo

Ковачки

ДАВАНИ СЕ ПАСОШИ НА ТЕРОРИСТИ ОД ИСИС, загрозен е угледот на Македонија

Vecer | 15.04.2021

ДАВАНИ СЕ ПАСОШИ НА ТЕРОРИСТИ ОД ИСИС, загрозен е угледот на Македонија

Многу е сериозна работата. Државата односно власта не приоѓа на овој случај на начин на кој што треба да се пријде. Министерот за внатрешни работи кој е директно засегнат со ова состојба би требало веднаш да поднесе неотповликлива оставка и да дозволи една независна истрага. Не можете да издавате пасоши на атентатори, да правите кривично дело свесно, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа, Драган Ковачки член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Тој вели дека факт е дека оваа состојба односно оваа ситуација поврзана со издавањето на пасоши на терористи од ИСИС или на наркобосови од светски ранг дефинитивно влијаат и на меѓународниот углед на Република Македонија и во нашите односи и со НАТО и со ЕУ.

- Верувам дека веќе НАТО нема за жал да не третира како сериозен партнер и можно е и одреден дел од информациите да кажеме класифицирани со кои што би требало да бидат споделувани со нас да бидеме заобиколувани од тие работи. Понатаму поврзано со меѓународната репутација на државата се плашам дека можеме да бидеме и брендирани како држава спонзор на тероризмот, знаете да издавате  пасоши на лица од таков калибар, тоа е неверојатно, тоа е страшна работа, рече Ковачки.

Тој додаде и дека се се задирнува и во човековите права и дека макеедонските патници кога патуваат во земјите од ЕУ може да бидат ставени последни на ред и дополнително испитувани.

-

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk