logo
logo
logo

Пренџов:

„Изборите го покажаа расположението во државата, СДСМ загуби и нема што да се надева во вториот круг“

Vecer | 27.10.2021

„Изборите го покажаа расположението во државата, СДСМ загуби и нема што да се надева во вториот круг“

СДСМ ги изгуби овие избори, ги имаа цело Скопје и цела Македонија и по 4 години ги изгуби сите општини наеднаш, тоа покажува колку биле неработници, безидејни и дека не им служеле на граѓаните и изборите покажаа какво е расположението во државата, така што СДСМ нема на што да се надева во вториот круг, изјави пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов за „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Пренџов потенцираше дека доказ дека СДСМ ги изгуби изборите е резултатот на советничките листи каде граѓаните гласаат за партија.

- На советничките листи се гласа за партија и таму изборите се завршени во сите општини и во градот Скопје, избрани се советниците  и таму СДСМ доживеа дебакл и фијаско, рече Пренџов.

Пренџов истакна дека за СДСМ се загубени и изборите за градоначалник на Скопје бидејќи загубија 5 општини, додека Данела Арсовска има предност која Шилегов нема да може да ја надополни во Сарај каде што се надева.

- Во однос на Скопје, СДСМ ја изгуби најголемата општина Аеродром со 10.000 гласови разлика, во прв круг изгубија и во Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Гази Баба. Во Скопје Данела Арсовска победи со 8.000 разлика и ако се направи анализа Шилегов очекуваше победа во Бутел, а таму изгуби и сега се надева на Чаир  и Сарај, но таму веќе има градоначалник и нема простор за мобилизација, изјави Пренџов.

Тој посочи дека во вториот круг не се гледа каде СДСМ би победиле затоа што повеќето големи места или им се недостижни или изгубени како Штип, Велес, Прилеп, па дури и Охрид каде за многу малку гласови не се избра градоначалник во првиот круг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk