logo
logo
logo

ИЗБЕГА ЗАТВОРЕНИК ОД ПРЕД КРИВИЧЕН, бил спроведуван на судење

Vecer | 22.04.2021

ИЗБЕГА ЗАТВОРЕНИК ОД ПРЕД КРИВИЧЕН, бил спроведуван на судење

На затворската полиција утрово и  избегало лице кое било спроведувано до Кривичниот суд.  Лицето било спроведено до судот за рочиште, но најверојатно ја искористило гужвата пред Судот и избегало, објави Курир.

Од Министерството за правда потврдиле дека утринава од пред Кривичниот суд на затворската полиција и избегало лице кое било спроведено до судот за одржување судски процес.

-Се работи за лице кое е осомничено за криумчарење на мигранти и кое од притвор било спроведено до судот. Затворската полиција и екипи од МВР во моментов трагаат по лицето, имаат сознанија за неговата локација. Наскоро се очекува негово приведување, истакнаа од Министерството за правда

Според Телма станува збор за Амир Закири кој се товари за поттикнување и криумчарење мигранти, како и за перење пари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk