logo
logo
logo

Ивановска за набавката на вакцини: Сето ова ја нарушува довербата на граѓаните во институциите

Vecer | 11.03.2021

Ивановска за  набавката на вакцини: Сето ова ја нарушува довербата на граѓаните во институциите

Билјана Ивановска од ДКСК во своето гостување во Студио 10 на телевизија 24 зборуваше за скандалите поврзани со набавка на вакцини и министерот Венко Филипче каде посочи дека со ова се покажало дека постои неорганизиран процес околу набавката на вакцини од страна на власта. Според неа сето ова ја нарушува довербата кај граѓаните во институциите.

„Не изненадија овие настани и информации од утрово односно повторно се наоѓаме во ситуација односно да видиме дека нашиот систем  не функционира, дека постои неорганизиран процес на набавка, дека начинот за набавка на вакцини не е прецизно утврден, ризиците од корупција повторно доаѓаат на високо ниво дотолку повеќе што гледаме дека се набавува од приватни фирми, не се користат стандардните државни  канали за набавка на вакцини. Сето ова ја нарушува довербата, на ваков начин извршување на овие  активности  ја нарушува довербата на граѓаните во институциите, кажа таа.

Ивановска во своето гостување потенцираше дека во последно време многу се зголемиле бројот на вакви случаи.

„Некако многу ни се зголемија бројот на случаите во последно време од вакви афери, од кои новинарите ископуваат информации, додаде таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk