logo
logo
logo

Ивановска: Поради случајот Леонардо на Рашковски, државата исплатила превисоки камати

Vecer | 09.04.2021

Ивановска: Поради случајот Леонардо на Рашковски, државата исплатила превисоки камати

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска, во вечерашното интервју во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа, вели дека во моментот се водат три истраги за заменик генералниот секретар Драги Рашковски и тоа за случајот Леонардо, набавка на софтверот за МВР како и за имотната состојба.

Се води уште еден предмет, значи се испитува имотната состојба на Рашковски. Значи три предмети во моментот се водат едниот беше поврзан со Леонардо со набавката во М-НАВ во еден дел каде што беше спомнат Рашковски, ова е вториот со набавка на софтверот и третиот со имотната состојба, значи три предмети има за него, вели таа.

Ивановска додаде дека од досегашното испитување на случајот Леонардо, направена е поширока истрага, а она што можеше да го открие е дека поради не навремено повлекување на траншите од кредитот, државата исплатила превисоки камати.

Имавме средба на почетокот, меѓутоа треба уште еднаш да разговараме и уште со да речам високи претставници од Управниот одбор на М-НАВ. Значи уште некои две, три интервјуа треба да се направат и да се заврши тој случај. Затоа што ние му дадовме малку поширока димензија, не гледавме само како ЈО во делот на Рашковски, туку ја земавме целата јавна набавка што М-НАВ ја спровело уште од 2013 или 2014 година, така што предметот беше многу обемен и од тие причини по споро се работи заради нели е толку времето, рече таа.

Во емисијата можам да кажам дека поради не навремено повлекување на траншите од кредитот, Јавното претпријатие односно пак се тоа јавни пари се плаќаат многу високи камати и тоа е поразително, но тоа не е случај само со М-НАВ тоа е и со други случаи кои што покренуваат кредити. Не се води сметка, некако како недомаќински да се трошат средствата. Ненавременото повлекување предизвикува камати, тоа некој го плаќа, тоа кошта, и тоа не треба да се дозволи и практикува, објасни Ивановска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk