Иванов телефонски му ја честита победата на Ердоган

Претседателот Ѓорге Иванов телефонски му ја честита победата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на претседателските и парламентарните избори, соопштија од Кабинетот на Иванов.

Во разговорот, Иванов му посакал на неговиот колега успешно извршување на претседателската функција.

„Во телефонскиот разговор беа разменети мислења за актуелните политички случувања во двете земји, при што претседателот Иванов се заблагодари за сета досегашна поддршка од Република Турција и изрази уверување дека и во наредниот период ќе продолжи силното пријателство и соработката меѓу двете земји“, соопштија од претседателскиот Кабинет.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари