logo
logo
logo

Иванов: Македонија е пред големи искушенија, ова е најопасно време по Втората светска војна

Vecer | 27.09.2021

Иванов: Македонија е пред големи искушенија, ова е најопасно време по Втората светска војна

Во обраќањето на поранешниот претседател на Ѓорге Иванов на свечениот научен собир во МАНУ на тема „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој 1941-1991/1991-2021“ преовладуваа критики кон власта, според него Макеоднија го живее своето најопасно време по Втората сцетска војна.

„Читајќи го зборникот на трудови од меѓународниот научен собир од 2011 година, организиран од МАНУ по повод 20-годишнината од самостојноста на Република Македонија, може да се почувствува колку била оправдана загриженоста и стравувањата за иднината на Македонија, за нејзиното име, јазик, идентитет, за нејзиното опстојување. Иако дел од тогашните учесници – академици не се денес меѓу живите, жива и бесмртна е нивната мисла и завет која најконцизно е искажана, уште на самиот почеток на 20 век, од Крсте Петков Мисирков: Собитијата што се развија до сега ни покажаа колку ние самите можеме да си напакостиме, мислејќи дека постапуваме правилно", рече на почетокот од своето онлајн - обраќање поранешниот претседател Ѓорге Иванов пред научниот собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991 / 1991-2021 година" во организација на МАНУ.

Тој рече дека денешната власт не ја чита Мисирковата „За македонцките работи", оценувајќи дека станува збор за страв „поради сопствената грижа на совеста затоа што е напакостено и испогането сè што било и ќе биде свето за Македонците и за Македонија".

„Македонскиот народ учествувајќи во Втората светска војна на вистинската и праведната страна на историјата ја создаде на АСНОМ својата сопствена држава. Таа асномска, антифашистичка македонска држава ја создаде македонската нација, која преку националните институции, ја крепеше македонската држава во рамките на југословенската федерација. Со охридскиот договор, покрај сите предупредувања, македонскиот народ од националитет се сведе на етницитет – етничка група. Од тогаш сè веќе беше подготвено за она што денес ни се случува“, оцени Иванов.

Тој рече дека за време на својот претседателски мандат предупредувал дека ваквото решавање на македонското прашање е правно и историско поништување на македонскиот народ.

„Постојат прашања за кои не се преговара, стекнати права за кои не се разговара, црвени линии преку кои не се преминува. Предупредував дека со спогодбата од Преспа се става крај на Република Македонија каква што ја знаеме. И затоа како претседател на Република Македонија ниту учествував ниту потпишав таков договор“, нагласи Иванов

Според него,“, но како што рече, невиден преседан е заради политички контекст политичарите да даваат историско толкување на фактите.

„Со договорот со Бугарија власта во Македонија сака да реши едно прашање кое ќе ја задоволи само бугарската страна. Она што Македонија го добива за возврат е само понижување преку одрекување и одродување од сопствената историја, без која немаме компас за иднината. Предупредив дека ќе посегнат по македонскиот јазик. Наместо заштитен, македонскиот јазик е изложен на нападите на оспорувачите кои, обидувајќи се да го избришат или преименуваат, вршат опресија врз македонскиот идентитет“, рече Иванов.

Според него, народот на 30 септември 2018 година со бојкот на референдумот го одбрани своето право на постоење и кажа дека никој нема мандат од народот да го менува Уставот заради промена на уставното име ниту право да тргува со идентитетот.

„Живееме во тешко и многу опасно време. Можеби најопасно од Втората светска војна. Време кое бара целосна мобилизација на сите интелектуални сили, кои ќе се соочат со предизвиците на новото време кои се сè потешки и покомплексни“, рече Иванов.

Поранешниот претседател смета дека Македонија е опседната со примитивизам на врвот, се бројат скандали, афери, криминални и коруптивни случаи кои досегаат до највисоките нивоа на власта и дека се добива чувство како да живееме во земја каде владее клептократија и какиократија.

„На Македонија ѝ се потребни луѓе кои нема да се авто-цензурираат и кои со храброст ќе говорат што е Македонија. Македонија има потреба од луѓе кои нема да се плашат да ги посочат виновнииците. Виновниците кои посегнаа да ги цензурират и нашите колективни сеќавања. Да ја цензурираат македонската историја, македонската култура, да ги менуваат фактите онака како што им треба на другите“, рече меѓу другото поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk