logo
logo
logo

Иванов и турскиот шеф на дипломатијата Чавушоглу се сретнаа во Анкара (ДЕТАЛИ)

Vecer | 25.10.2021

Иванов и турскиот шеф на дипломатијата Чавушоглу се сретнаа во Анкара (ДЕТАЛИ)

Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на покана на Универзитетот ТОББ престојува во посета на Анкара, каде што ќе се обрати на Катедрата за политички студии и меѓународни односи на тема: “Надворешната политика на Турција на Балканот: Поглед од регионот.“

За време на оваа посета, поранешниот претседател Иванов имаше средба со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, со кои имаа можност да се сретнат за време на претседателството.

На средбата беа констатирани добрите односи меѓу Република Македонија и Република Турција и можноста за нивно подобрување.

- Прв гостин денеска е нашиот пријател Ѓорге Иванов, поранешен претседател на С.Македонија. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Македонија и нејзината мултиетничност, пишува Чавошоглу на официјалниот твитер профил.

Оваа средба е официјално објавена од министерот за надворешни работи на Турција Чавушоглу.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk