logo
logo
logo

7. меѓународен конгрес за Црното море

Иванов: Во тек е најактивната фаза на геополитичкото преуредување на светот (ВИДЕО)

Vecer | 25.09.2021

Иванов: Во тек е најактивната фаза на геополитичкото преуредување на светот (ВИДЕО)

Претседателот на Република Македонија 2009-2019 година, Ѓорѓе Иванов, во својот говор на 7 меѓународен конгрес за Црното море, во неколку точки ги објасни геополитичките движења во светот.

Неговото обраќање ви го пренесуваме во целост:

Доколку ви се обраќав како политичар, ќе имав многу полесна задача. Затоа што ќе бев обврзан да ги презентирам официјалните ставови на мојата земја Република Македонија, ставовите на меѓународните организации во кои членуваме, пред се НАТО, ОБСЕ, Советот на Европа, ОН, придржувајќи се кон одредена политичка коректност.

Но како универзитетски професор, да се поздрави ваков еминентен настан со академски карактер, претставува многу посериозна обврска.

Тоа пред се, затоа што морат да се изнесат научно верификувани факти, да се презентира научната вистина но и да се сочува личното пријателство кон Република Турција и турскиот народ.

Во една прилика Хенри Кисинџер зборувајќи за важноста на големите сили да сфатат кога се случува меѓународна „промена на парадигмата“, вели дека тоа е момент кој се дефинира како акција преземена како одговор на таа промена.

Очигледно сме сведоци на повеке акции кои се преземаат во последно време.

Не е потребно да сте експерт за меѓународни односи па да сфатите дека нешто сериозно се случува и тоа се одразува на она што е тема на овој конгрес: мир, безбедност и соработка во Црното море.

Очигледно повлекувањето на САД од Авганистан предизвикува тектонски поместувања и бран на промени што го опфаќа и потесниот и поширокиот регион околу Црното Море. Тоа произлегува од фактот што, Црното море е стратешка раскрсница меѓу Европа и Азија со тројна геополитичка и геоекономска важност.

Црното море ги поврзува енергетските патишта од Каспиското Море и Централна Азија до Европа.

Црното море е место каде се среќаваат четири големи сили: проширувањето на НАТО и ЕУ од Западот, Русија од север, кинеско финансиско влијание од исток и нестабилност од Блискиот исток од Југ.

Во последно време Црното Море станува поморски фронт меѓу Западот и Русија, што можеше да се види од воените поморски вежби ова лето. Како се зголемува и проширува влијанието на Русија, така НАТО го истакнува своето присуство, развивајќи сеопфатна регионална стратегија.

Доволно е да се видат насловите на релевантните медиуми, кои известуваат за геополитички настани и пренесуваат изјави на лидери па да се потврди тезата дека се менува парадигмата.

Имено, во тек е најактивната фаза на геополитичкото преуредување на светот и одредување на зоните на влијание. Освен главните играчи САД, Русија и Кина, во игра се и низа регионални сили, меѓу нив и Турција, но и ЕУ.

Пред неколку дена САД, Велика Британија и Австралија најавија ново трилатерално безбедносно партнерство под акронимот AUUKUS. Новиот сојуз ќе и овозможи на Австралија да изгради флота на подморници на нуклеарен погон со американска и британска технологија.

Овој нов сојуз се формира по огромната поморска воена вежба изведена од американската морнарица на 3 август во 17 временски зони и е најголема ваква вежба во последните 40 години.

Франција жестоко реагира преку заедничката изјава на нивниот министер за надворешни работи и министерката за одбрана. Тие покрај другото „ укажуваат на потребата особено внимание да се посвети на прашањето за стратешка автономија на Европа“.

Оваа реакција може да се сфати доколку се знае дека во 2016 француската корпорација за бродоградба DCNS победи на меѓународниот натпревар за нова подморничка флота на Австралија за 12 нови подморници проценети на 56 милијарди евра, како најголема одбранбена инвестиција во австралиската историја.

Најновите вести укажуваат дека амбасадорите на Франција во САД и Австралија се повлечени во Париз на консултации.

Според германскиот експерт за надворешна политика Александар Рар, Франција можеби повторно ќе го напушти НАТО, како што тоа го направила во 1966 под Шарл де Гол кој сакал единствена Европа од Лисабон до Владивосток.

Реакции дојдоа и од Кина, преку нивниот амбасадор во Вашингтон: „не би требало да се создаваат ексклузивни блокови кои целат или нанесуваат штета на интересите на трети страни. Особено мораат да се откажат од студеновоеното размислување и идеолошките предрасуди“.

Европската комисија, преку изјавата на претседателката Урсула вон дер Лаен, објави дека е потребно создавање на европска армија. Таа нагласила дека создавањето на европската армија станало ургентно по напуштањето на САД на Авганистан и можното соочување на Европа со нова мигрантска криза.

Потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, во контекст на стратешка автономија на Европа, предлага формирање на брзо распоредлива армија под 5.000 војници на ЕУ. За тоа детално ќе се разговара на состанокот на министри во ноември а лидерите на ЕУ следниот март ќе одржат самит посветен на одбраната и безбедноста.

Во контекст на стратешката автономија на Европа и преуредувањето на светот, треба да се постсетиме дека ЕУ во 2017 го усвoи прoектoт PESCO (The Permanent Structured Cooperation https://pesco.europa.eu/).

Но исто така да се потсетиме и на интервјуто на францускиoт претседател Макрoн за „Економист“, пред јубилејниoт самит на НАТO вo Лoндoн 2019, кога ќе изјави дека НАТO е „клинички мртoв“ (мoзoчна смрт), дека пoвеќе не пoстoи никаква кooрдинација вo нoсењето на стратешките одлуки меѓу САД и сојузниците во НАТО, дека НАТО е проект кој на САД му обезбедува некој вид геополитички чадор, но и одреден трговски ексклузивитет…

Американскиот одбранбен план за 2022 предвидува доделување на 275 милиони долари воена помош за Украина што вклучува и два одбранбени системи IRON DOME кои САД во 2019 ги купи од Израел.

Реакции на ова дојдоа од Русија, тврдејќи дека на Украина тоа не и треба.

Ваква реакција од Москва имаше и при инсталацијата на американскиот одбранбен систем од балистички проектили во Романија, тврдејќи дека може да се користи за офанзивни цели. САД и НАТО тогаш ги отфрлија ваквите обвинувања.

Во однос на темата за енергијата, би издвоил само некои најнови податоци.

На 15 септември, значи пред неколку дена, европската цена на гасот достигна рекорд во тргувањето , надминувајќи ја цената од 950 долари за 1.000 кубни метри.

Според изјавата на Путин дадена на прес конференцијата во Минск, Газпром на Германија и испорачува гас за 220 долари за 1.000 кубни метри.

Просечната цена на електричната енергија во југоисточна Европа се зголеми за 60% во однос на цената пред пандемијата. На дневно ниво на берзите во регионот овие денови цената на електричната енергија се движи и до 120 евра по MWh, за разлика од 2019 кога беше околу 50 евра.

Како резултат на зголемената цена на енергенсите, светските цени на храната се околу 33% повисоки во август, во споредба со август 2020, според податоците на Организацијата на ООН за исхрана и земјоделство.

Спомнувајќи само дел од насловите од минатава недела се потврдува тезата дека се менува парадигмата која беше доминантна во последните 30 години.

Треба да се потсетиме дека со крајот на студената војна имавме, исто така, менување на парадигмата.

Но областа на Црното Море беше место каде што Русија и Западот не успеаја да се договорат за „правилата на игра“ по Студената војна.

Москва ги призна балтичките држави Литванија, Летонија и Естонија, како дел од европскиот систем, но Русија и Западот никогаш не се согласија за Црното Море.

Дали Украина, Молдавија и Грузија се во сферата на контрола на Русија, или се на пат да се приклучат кон западните институции.

Тоа произлегуваше и од фактот што во 1990-тите години ниту Западот, ниту Русија сериозно размислуваа за таква можност.

Од друга страна Турција долго време безуспешно се обидува да се приклучи кон ЕУ. Оваа конфузија придонесе во создавањето на геополитичка компликација во регионот на Црното Море.

Крајот на Студената војна и појавата на новите независни држави на брегот на Црното Море доведе регионот да го привлече вниманието на Западот.

Се отворија потенцијалите на овој регион, пред се со откривањето на неговите енергетски ресурси и транспортни потенцијали. Но тој период исто така ги оживеаја историските етнички, национални и територијални конфликти.

Поради стремежот кон нестабилност и потенцијалот за енергетски коридори, почна да се игра голема игра со повеќе играчи. Освен државите од бреговите на Црното Море во игра се вклучија САД, ЕУ, Кина и Иран како „надворешни играчи“ ОБСЕ, ОН, НАТО, Советот на Европа како „глобални меѓувладини играчи“ плус разни невладини организации и мултинационални компании.

Како резултат на таа игра денес се одвива битка за влијание и превласт во регионот на Црното Море како никогаш досега во модерната историја.

Улогите многу брзо се менуваа.

Ресетирањето се случи со глобалната финансиска криза во 2008 година, кога ја доведе во прашање довербата во глобализацијата. Кина одговори на тоа со амбициозната иницијатива „Појас и Пат“.

Руската економија која помина добро по 2008 поради високата цена на нафтата, почна да забавува поради санкциите воведени по украинската криза во 2014. Бегалската криза во 2015 и 2016 ги влоши социо-економските услови во ЕУ.

Сиве овие фактори ја влошија стабилноста на регионот околу Црното Море.

Турција почна успешно да се справува со сите предизвици, дури ја презеде водечката улога за справување со бегалската криза, и ја зацврсти улогата на регионална сила балансирајќи меѓу Русија и САД.

Покрај сите локални и регионални проблеми со геополитички и геоекономски консеквенци, се јави глобалната пандемија на Ковид-19.

Пандемијата ги разоткри сите пропусти во глобалните коридори за снабдување.

Трпеа меѓународната трговија со стоки и туризмот, транспортот и превозот се намалија.

Превозот со контејнери кој претставува најголем дел од сообраќајот на Црно Море, забележа невиден пад. Пандемијата беше силен потсетник дека ниеден развој не е чисто економски.

Колку што е значајно Црното Море, уште позначаен е и пристапот до него.

Имено низ Босфорот дневно поминуваат дури 115 пловила, а годишно 53 000 бродови од различен вид: танкери, товарни и воени бродови. Низ Босфорот годишно се превезуваат 140 милиони тони нафта, 25% од житото во светот.

Со ваквиот промет Босфорот е едно од најфреквентните пловни патишта во светот.

Од целиот овој воден промет Турција не заработува ниту еден долар (освен ситни услуги кога треба да се влече некое пловило).

Тоа е така пред се поради Конвенцијата Montreux од 1936 која го дефинира Босфорот и Дарданелите како природен морски пат кој нема право да се наплатува.

Во исто време Суецкиот канал во Египет има годишна заработка од 3 милијарди долари, затоа што не е природен туку прокопан канал меѓу Средоземното и Црвеното море.

За да се намали големото оптеретување на прометот преку Босфор, Турција влегува во изградба на каналот Истанбул низ кој би требало да проаѓаат околу 160 брода дневно и танкери со носивост од 300 илјади тони и би носел огромна заработувачка. Но Каналот Истанбул ја отвара и дилемата за Конвенцијата од Montreux.

Изградбата на Каналот предизвикува загриженост и нервоза кај Западот.

Нервозата е очигледна поради фактот што од сите 7 земји кои имаат излез на Црното Море, во актуелната геополитичка игра главни се Русија и Турција.

Тие меѓу себе можат да се договорат и за нови правила на користење на Босфорот и каналот Истанбул.

Русија и Турција заеднички сакаат да делуваат и на Јужниот Кавказ и да придонесат за негово трајно стабилизирање со отфрлање на сите други меѓународни фактори од регионот.

Во однос на кризата меѓу Русија и Украина, Турција останува неутрална, но и подготвена да ги подржи дипломатските напари за насочени кон нејзино решавање.

Како заклучок на ова мое обраќање, може да се каже дека според досегашните искуства, доколку енергијата се користи мудро, може да биде фактор за соработка, но од друга страна, исто така, може да биде фактор на поделба, како што е тоа случај сега.

Мирот и просперитетот на регионот на Црното море, доколку се искористи сиот потенцијал како мотор за раст и центар на глобална трговија, произлегува од решенијата кои ефикасно го спојуваат економскиот развој, колективната безбедност и одговорната дипломатија.

Тоа е она што сега е ургентно потребно на регионот на Црното море.

Поздравен говор на проф. д-р Ѓорге Иванов

Претседател на Република Македонија 2009-2019 на отворањето на 7. Меѓународниот конгрес за Црното море.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=kwyDI0q3UdI[/embed]

 

Говорејќи на отворањето на конгресот што се одржа во хотелот „Гранд Џевахир“, претседателот на Црноморскиот стратешки истражувачки центар (КАСАМ) на Фондацијата „Црно Море“ Јусуф Џевахир, рече дека им е чест да бидат домаќини на меѓународен конгрес, на кој 60 говорници од 15 земји ќе презентираат трудови.

Наведувајќи дека главните теми на конгресот се определени како мир, безбедност и соработка, Џевахир нагласи дека не е лесно да се зборува за мир и соработка во свет каде глобалната политика е слаба во решавањето прашања и каде геополитичките кризи се манифестираат истовремено за време на корона пандемијата.

Џевахир посочи дека собирањето и разговорот со заеднички ум е уште поважно за иднината, и рече:

"Кога не се исполнуваат правичното споделување и здравиот разум, превирањата и конфликтите доминираат во политиката во таа географија.

Во такви времиња, видовме дека средини полни со природни ресурси создаваат кризи во региони како што се Источниот Медитеран, Персискиот Залив, околу Јужна Кина Море, Касписко и Балтичко Море.

Тековните конфликти ги доведуваат големите сили лице в лице. Исто така, ги ставаат земјите меѓу себе едни против други. Гледајќи од Турција, која има најдолг брег до Црното Море, никогаш не би сакале геополитички конфликти и бескрајни преговори во тие региони да се одржуваат во Црното Море.

Во последниве години, природниот гас во Црното Море, каде што се идентификувани фосилни ресурси како што се нафта и гас, и кој е на светската агенда со Канал Истанбул и неговите пристаништа, мора заеднички да спречиме каква било можност и договарање што би му наштетило на мирот, безбедноста и соработката, работејќи со оската на разумот, науката и политиката.

Мораме да работиме заедно во насока на мирот “.

Џевахир рече дека истражувањата во потрага по одговори за тоа како изгледа регионот на Црното Море, кој е важен за евроазиската линија, за глобалните актери, ќе се зголемат во наредните денови, кога САД се повлекоа од Авганистан.

Изразувајќи дека како КАСАМ треба да се покаже чувствителност по ова прашање, Џевахир нагласи дека би сакале да соработуваат со земјите во регионот и ги продолжи зборовите на следниов начин:

"Правилното споделување и користење на природните ресурси е прашање на безбедност, како и морална потреба.

Во согласност со овие цели, на овој конгрес, генерално ќе разговараме за животната средина, линијата на Азија и Европа, миграциските прашања во безбедноста на Црното Море, енергетската безбедност, геополитиката, Балканот и зборуваме за ситуацијата на Кавказ.

Рибарските производи што се загадуваат секој ден е заедничко прашање за земјите кои имаат брег во ова море.

Да се ​​зачува капацитетот во Црното Море со најприродна разновидност за сите живи суштества, да се постави политичкиот систем на основа каде што секој може да живее заедно во мир и да го донесе економскиот просперитет за секого. Се разбира, тоа е можно ако се усогласиме на начин што може да обезбеди просперитет.

Треба да разговараме повеќе и да се разбираме едни со други во Црноморскиот регион.

Разговорот и решавањето на овие прашања е од суштинско значење не само за нас што живееме денес, туку и за да им овозможиме на идните генерации да ги отворат своите очи кон подобар свет “.

[caption id="attachment_954456" align="alignnone" width="672"] Јусуф Џевахир[/caption]

 

Црното Море зазема важно место и во агендата на НАТО

Фуат Октај изјави дека Црноморската организација за економска соработка „BSEC“, која ги обединува земјите од сливот на Црното Море на заедничка основа и околу иста маса, е важна платформа во овој поглед и рече:

„Бројот на членови се зголеми на 13. со учество на Северна Македонија минатата година.

Ние спроведуваме проекти во областите на животната средина, културата, туризмот и поморството во рамките на телото на ОБСЕ и даваме значителен придонес за зајакнување на врските меѓу земјите -членки.

-Oд една страна, ние ги развиваме односите со земјите од регионот преку платформи како што е BSEC, од друга страна, сакаме да ги решиме проблемите во регионот во рамките на добрососедските односи.

Ние, исто така, тврдиме дека во рамките на НАТО, чекорите кон Црното Море секогаш треба да бидат измерени и претпазливи.

Отсуството на проблем за поморска надлежност во Црното Море е еден од факторите што придонесуваат за одржливост на мирот и стабилноста во регионот.

Ние веруваме дека мирот и стабилноста се основните услови за трговијата и инвестициите да можат да чекорат по здрава земја“, рече тој.

„70% од суровата нафта во светот се транспортира со бродови“

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, исто така, присуствуваше на конгресот преку видео конференција.

Говорејќи на панелот одржан по воведните говори, пензионираниот адмирал доц. Д -р Џихат Јајчи ја спомена важноста на морињата и истакна дека кога се испитува картата на густината на светската популација, многу е јасно дека човечката популација е собрана околу морињата.

Велејќи дека 75 проценти од светската популација, повеќе од 80 проценти живее во светските метрополи и центри за моќ, и речиси сите трговски и воени центри за моќ се наоѓаат во крајбрежните региони, Јајџи рече:

"Човештвото е навикнато да живее покрај морето од неговото создавање. 70 проценти од суровата нафта во светот се транспортира со бродови. Другиот дел се транспортира со цевководи, транспортни линии на копно и железница.

Но, 70 проценти се транспортира со море. Останатите потреби се најмалку 85 проценти во обем. Повторно се превезува по море. Помислете на Турција.

Ако поморските трговски патишта не се отворат во Турција, престанува и извозот и увозот на сурова нафта и други стоки, животот запира. Директниот придонес на поморскиот транспорт во светската економија е приближно 400 милијарди долари ".

Во Панелот за мир, безбедност и соработка во регионот на Црно Море, европратеникот од Бугарија, проф. Д -р Иво Христиов од Универзитетот Мармара, проф. Д -р Алаедин Јалчинкаја, проф. од Универзитетот во Истанбул. Д -р Илјас Топсакал, заменик на Азербејџан и основач на CESD, др. Вугар Бајрамов, исто така, имаа свои презентации.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk