logo
logo
logo

Истражување: 90 отсто од младите сакаат да ја напуштат државата заради корупцијата

Vecer | 05.12.2022

Истражување: 90 отсто од младите сакаат да ја напуштат државата заради корупцијата

Деведесет отсто од младите во земјава сакаат да се иселат, а еден од факторите кој го поттикнува иселување е корупцијата, покажа истражувањето на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), во рамки на европскиот проект „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, а во соработка и со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ). Лани, младинската невработеност била 28,3 проценти, но бил висок и процентот на сиромаштијата кај младите луѓе – 27,3 проценти или секој четврт млад човек во земјава се соочува со сиромаштија.
„Најважно е да работиме на квалитет. Една третина од корисниците на социјална помош се млади. Немаме акциски план за тоа како да се гради квалитетен живот на младите луѓе во нашето општество. Ние можеме да обезбедиме супер вештини за идните професии за младите луѓе, меѓутоа, што ако младите луѓе немаат квалитетен живот. Сите ние како општество треба да си ставиме младите во фокусот, да работиме со младите заедно за младите, да ги слушаме младите и така ќе ги задржиме младите дома“, рече денес Билјана Стојческа од Младинскиот сојуз и истражувач на истражувањето за младинска невработеност.
Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, кажа дека има многу простор да се направи нешто повеќе и потенцира дека реформата на образованието мора да се спроведе и да се реализира целосно до крај. Според него, нема да каже ништо ново ако рече дека образовниот систем треба да се реформира.
„Тоа го слушаме секојдневно. Не е моја задача како директор на Дирекција да влијаам, односно да ја креирам реформата на образовниот систем“, рече тој.
Според претседателот на Универзитетското собрание при УКИМ Славчо Темелковски, главната поента е младинската неинформираност околу сите моментални придобивки кои што тие можат да ги добијат со одредени закони. Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска кажа дека од разговорите со младите дошле до заклучок оти со новиот Закон за работни односи треба да се обезбедат нови форми на работа, а тоа се флексибилна работа – работа од дома и работа од далечина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk