Ноќта кон неделата полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол.

Во контролата биле откриени и сакнционирани вкупно 29 пијани возачи (ТЕ-23 и ГВ-6).

Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 225 до 325 евра во денарска противвредност, а двајца возачи кои одбиле алкотестирање (ТЕ) со глоба од 500 евра. Покрај тоа, на сите им претстои и мерка времено одземање на возачките дозволи од 3 до 12 месеци.

Во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 85 возачи. Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.