logo
logo
logo

КАКОВ ГЕСТ

Иселеник- пожарникар донира заштитни одела за своите гостиварски колеги

Vecer | 30.04.2021

Иселеник- пожарникар донира заштитни одела за своите гостиварски колеги

Иселеник, кој подолго време живее и работи како пожарникар во Швајцарија, во родниот крај испрати заштитни одела како донација за пожарникарите во Гостивар.

Од професионалната противпожарна единица искажаа благодарност за гестот, бидејќи како што рече Јусуф Бајрами, командирот на единицата, опремата им била неопходна.

– Нашиот сограѓанин Арсим Тахири кој одамна заминал на печалба, како колега ни излезе во пресрет и обезбеди 15 комплети кои пожарникарите ги користат при интервенции. Покрај шлемовите и специјалните одела-скафандри кои се користат за гаснење пожари има и одела наменети кога се интервенира при сообраќајни несреќи, вели Бајрами.

Тој потенцира дека опремата е според високите западноевропски стандарди и значително ќе ја олесни работата на пожарникарите, а ќе ја подобри и нивната безбедност при интервенциите.

Деновиве, покрај друга работна опрема, гостиварските пожарникари ќе добијат и специјално возило кои ги обезбеди како донација Блерим Селмани исто така иселеник од гостиварско.

Во составот на противпожарната единица има 38 пожарникари кои ги покриваат и териториите на соседните општини Врапчиште и Маврово-Ростуше.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk