logo
logo
logo

ИСЧЕЗНАЛЕ ТРИ ЛИЦА, и сите во ист ден!

Vecer | 17.05.2021

ИСЧЕЗНАЛЕ ТРИ ЛИЦА, и сите во ист ден!

Во текот на вчерашниот ден изчезнале три лица. Полицијата трага по 66- годишен велешанец, 40- годишен скопјанец и 24- годишен скопјанец.

Во 23: 55 часот во СВР Велес, В.Т. од Велес пријавил дека од дома се оддалечил неговиот вујко М.А.(66). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Истиот ден, во 14: 30 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Д.(62) од Скопје пријавил дека од дома се оддалечил неговиот син С.В.(40), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

М.Д.(47) од Скопје, пак, пријавил дека од дома се оддалечил неговиот син Р.М.(24). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, стои во полицискиот билтен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk