logo
logo
logo

ИСЧЕЗНА РИБАР НА КОЗЈАК! Другиот се спасил откако им се превртел чамецот

Vecer | 26.09.2021

ИСЧЕЗНА РИБАР НА КОЗЈАК! Другиот се спасил откако им се превртел чамецот

На 25.09.2021 во 17:40 часот во Полициската станица Македонски Брод, А.Д., пријавил дека, додека со чамец ловеле риба на езерото Козјак заедно со Б.Л.(55) од с.Пополжани, Кичевско, чамецот се превртел.

Според пријавеното, А.Д. останал на чамецот и дошол до брегот, а Б.Л. пливал, но на околу 30 метри пред брегот потонал во водите на езерото.

Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за пронаоѓање на Б.Л. и за расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk