logo
logo
logo

ИСЧЕЗНА ЕКСШЕФОТ НА УБК: Полиција врие пред домот и хотел Мериот, но Мијалков го нема

Vecer | 22.02.2021

ИСЧЕЗНА ЕКСШЕФОТ НА УБК: Полиција врие пред домот и хотел Мериот, но Мијалков го нема

Полиција и утрово врие околу хотелот Мериот во Скопје и пред домот на ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, на Водно, но од него нема ни трага ни глас.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ќе побара да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница за Мијалков.

-Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање. Распишана е национална потерница, соопштија од МВР.

Решението за куќен притвор со 24 часовен надзор за Мијалков било доставено до МВР вчера во 18:30 часот.

-Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера во 15:00 часот до Основниот кривичен суд Скопје, доставило предлог за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОК бр. 47/17 од обвинителството означен како Таргет-тврдина, заради постоење на сомнение за евентуално бегство, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Како што е наведено во соопштението, откако е утврдено дека надлежен за постапување по предлогот е Кривичниот совет при Oдделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја предвид итноста на постапката, иако судот Законски имал рок од 24 часа да одлучува со оглед да предлогот е поднесен за време на викенд, советот во корелација со документацијата за соменвањето за бегство приложена од обвинителството со прилог известување доставени од Бирото за јавна безбедност при МВР, веднаш започна со постапување и донесе решени со кое на обвинетиот му определи мерка куќен притвор со 24 часовен надзор како и видео и електронски надзор, а во 18:30 часот решението веќе беше експедирано до МВР како надлежни за понатамошно постапување.

Против ова решение, како што велат од Судот, странките имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа.

-Во однос на сите медиумски прашања, судот во текот на вчерашниот ден, имајќи ја предвид итноста на постапувањето и почитувајќи ги надлежностите на Јавниот обвинител и МВР, не ги коментираше шпекулациите и непотврдените информации во однос на постапката се со цел на наштети на истата, за што бараме разбирање од новинарите, се наведува во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Од МВР готват меѓународна потерница:

-Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница, информираат од МВР.

Мијалков, од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.

Мијалков последен пат бил забележан во кафулето „Дистрикт“, кое се наоѓа во рамки на хотелот „Мериот“, во непосредна близина на централниот плоштад Македонија во Скопје.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=fhBRmxrEG50[/embed]

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=or8KVjboqUk[/embed]


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk