logo
logo
logo

ИПИС: Граѓаните се незадоволни од власта во справувањето со коронавирусот

Vecer | 18.04.2021

ИПИС: Граѓаните се незадоволни од власта во справувањето со коронавирусот

На прашањата дадени со анкетата, најголемиот број од испитаниците негативно се изјасниле за работењето на власта како во справувањето со епидемијата со коронавирусот, така и на прашањето за набавката на вакцините. За министерот за здравство поделени се мислењата.

Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе телефонско истражување во периодот помеѓу 11 и 14 април 2021 на 1.112 полнолетни испитаници на ниво на државата.

На прашањето колку граѓаните се задоволни од досегашната работа на Владата за справување со епидемијата со ковид-19, најголемиот број од анкетираните, 39,7 отсто се изјасниле дека не се задоволни, додека целосно задовлони се 17,1 отсто од испитаниците. Повеќе од половината од анкетираните сметаат дека Владата не презела навремени мерки.

Педесет отсто сметаат дека вакцините доцнат поради негрижа или неспособност на власта, а блиску се резултатите на оние кои позитивно и кои негативно ја оценуваат работата на министерот за здравство.

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе телефонско истражување во периодот помеѓу 11 и 14 април 2021 на 1112 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за прашања поврзани со пандемијата на КОВИД19.

Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Анкетата е спроведена за потребите на ИПИС и е финансирана од сопствени средства на ИПИС.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk