logo
logo
logo

Инцидент во Чаир, учествувал заменик директорот на БЈБ и началник – се пукало од огнено оружје

Vecer | 23.05.2022

Инцидент во Чаир, учествувал заменик директорот на БЈБ и началник – се пукало од огнено оружје

Во угостителскиот објект „Галаксија“ во Чаир, настанала вербална расправија од една страна Ариф, заменик директор на Бирото за јавна безбедност (полиција), придружуван со уште едно лице и началникот на ЕВР Чаир, Едмонд Миртезани, која преминала во физички напад спрема началникот Еднонд.

Во еден момент, велат нашите извори, лицето кое било во друштво со заменик директорот, извадило огнено оружје пиштол и испукал еден куршум кон началникот Едмонд.

Едмонд повикал полициски службеници, кои кога тргнале да го приведат лицето, заменик директорот дал наредба веднаш да се ослободи. Моментално се врши увид

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk